ЏЕЈМИ’С ИТАЛИАН ДОАЃА ВО БЕЛГРАД Познатиот британски шеф отвора ресторан во српската метропола
Ресторан од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград, поточно, во населбата Белград на вода
На официјалната страна на белградскиот ресторан „Jamie’s Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во населбата Белград на вода.
„Горд сум на „Jamie’s Italian“. Нашиот одличен тим е како големо семејство – тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна храна, подготвена од внимателно избрани состојки. Одлична храна, врвна енергија и прекрасен амбиент“, е изјавата на Џејми Оливер на официјалната страница на ресторанот.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.