📽 ЌЕ ЧЕКААТ ДА ИСПАРИ НОВИЧОКОТ Вдовицата на Навални повторно се обрати до јавноста

И така гнасно и кукавички сега го кријат неговото тело, не го покажуваат, не ѝ го даваат на мајка му, а патетично лажат и чекаат таму (од телото) да исчезнат трагите на уште еден (нервен гас) новичок на Путин, вели Јулија Навалнаја во видео на Јутјуб.

1,263

Вдовицата на убиениот руски опозиционер Алексеј Навални, Јулија, ги обвинува руските власти дека го кријат неговото мртво тело додека чекаат да исчезнат трагите од нервниот агенс „новичок“ со кој, според неа, тие го отруле. Во ново обраќање до јавноста на Јутјуб таа вели:

– Мојот сопруг не можеше да биде скршен. И токму затоа Путин го уби. Тој се срами, тој е кукавица, тој не се осмелува да го погледне во очи или едноставно да го каже неговото име. И така гнасно и кукавички сега го кријат неговото тело, не го покажуваат, не ѝ го даваат на мајка му, а патетично лажат и чекаат таму да исчезнат трагите на уште еден новичок на Путин.






Јулија исто така, вети дека ќе ги каже по име оние кои биле вклучени во смртта на Навални и зошто тој бил убиен.

– Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија. Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални – вели таа.

Повикувајќи ги неговите поддржувачи да преземат акција, таа додава: „Ве повикувам да застанете до мене. Ве замолувам да го споделите бесот со мене. Бес, гнев, омраза кон оние кои се осмелија да ја убијат нашата иднина“.

Нејзините коментари доаѓаат откако портпаролот на Навални рече дека неговата мајка и адвокатот биле спречени да го видат неговото тело во мртовечница утринава.

Јулија дозна за смртта на својот сопруг во саботата додека беше на безбедносна конференција во Минхен. Оттаму таа порача дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Вчера таа на Инстаграм објави и емотивна заедничка фотографија со сопругот и збогување со зборовите „Те сакам“.

Алексеј Навални, кој беше најистакнатиот опозициски лидер во Русија, беше зад решетки откако се врати во Москва по закрепнувањето во Германија од труење со нервен агенс во 2021 година.

Тој почина во петокот во казнена колонија на Арктикот, а властите тврдат дека се онесвестил по прошетка.

Поврзани содржини