ЌЕ БИДАТ ЛИ ЗАБРАНЕТИ УБИСТВАТА ВО МЕТАВЕРЗУМОТ? Директорот на Мета вели нема потреба, системот сам ќе се регулира

Но, со ова мислење само делумно се согласува главниот директор за производи на компанијата Мета, Крис Кокс. Тој повеќе верува дека метаверзумот, слично како интернетот сам ќе се регулира со тоа што разни платформи ќе толерираат разни однесувања по одредена скала. Некои платформи ќе бидат означени со предупредување дека поддржуваат насилство, недолично однесување и слично.

110

Ако ве „убијат“ во метаверзумот, дали „убиецот“ треба да биде казнет? Сепак, траумата и стресот кои ви ги приредил можат да ве следат и надвор од виртуелната платформа. Ова беше една од темите на кои на форумот во Давос, освен за политика и за економија, минатата недела разговараа светските лидери и бизнисмени, пишува ИФЛ Наука.

Според министерот за вештачка интелигенција на Обединетите Арапски Емирати, една можност е да се воведе „тероризирање на луѓето во метаверзумот“. Ал Олама тврди дека ако некој ве вознемири или „убие“ во проширената реалност, тоа може да има значително психолошко влијание врз вас во реалноста.






– Ако ви испратам текстуална порака на Ватсап, тоа е текст, нели? Тоа може да ве тероризира, но до одреден степен. Тоа нема да ви создаде сеќавања за добиете посттрауматско стресно нарушување – вели тој и додава:

– Но, ако ти дојдам во метаверзумот и тоа е реален свет за кој зборуваме во иднина и јас всушност те убијам, а ти го видиш тоа, тоа всушност те носи до одредена крајност и вознемиреност каде што ти треба за ова да му кажеш на целиот свет. Сите се согласуваме дека одредени работи се неприфатливи.

Но, со ова мислење само делумно се согласува главниот директор за производи на компанијата Мета, Крис Кокс. Тој повеќе верува дека метаверзумот, слично како интернетот сам ќе се регулира со тоа што разни платформи ќе толерираат разни однесувања по одредена скала. Некои платформи ќе бидат означени со предупредување дека поддржуваат насилство, недолично однесување и слично.

– Веројатно ќе има нешто како систем за оценување, кој го имаме за филмовите, го имаме за музиката, го имаме и за други видови содржини за да може родителот или младото лице да има чувство за тоа какви се правилата во околината – рече Кокс на истиот панел на кој учествуваше Олама.

 

Поврзани содржини