ЌЕ ЈА КУПАМ КОКА-КОЛА ЗА ДА ГО ВРАТАМ КОКАИНОТ ВНАТРЕ Илон Маск се пошегува на Твитер

Според Scientific American и денес пијалокот уште содржи екстракт од листовите на растението кока, од кои се прави кокаинот. Сепак листовите прво бидуваат „декокаинизирани“ пред да се направи екстрактот.

298

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, се пошегува дека ќе ја купи компанијата Кока-Кола по откако го купи Твитер, ветувајќи дека ќе го  врати кокаинот, озлогласената, а сега крајно нелегална, состојка што некогаш била содржана во пијалокот, пишува РТ.

„Следно, ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот“ , напиша тој синоќа на Твитер, мрежата на која сега е сопственик.






Иако Кока-Колата пијалок долго време е еден од најпознатите светски признати добра кои ги извезува Америка, нејзината оригинална формула содржела некои сомнителни состојки, меѓу кои и кокаинот. Според Scientific American и денес пијалокот уште содржи екстракт од листовите на растението кока, од кои се прави кокаинот. Сепак листовите прво бидуваат „декокаинизирани“ пред да се направи екстрактот.

Но, не е јасно кога точно компанијата Кока-Кола го отстранила кокаинот од своите производи. Тоа веројатно било во 1880-тите кога била купена од Џон Пембертон, кој се смета и нејзин пронаоѓач. Пембертон, инаку бил корисник на дрогата морфин до крајот на неговиот живот.

Поврзани содржини