ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЖЕНИ И ДЕЦА БИЛЕ УБИЕНИ ВО ГАЗА ОТКОЛКУ ВО УКРАИНА Цивилите во Газа биле убивани со „историско брзо темпо“ споредено со други конфликти
Во написот експертот Брајан Кастнер, чувар на оружје за Амнести интернешенел. вели дека и бомбите кои Израел ги користи во Газа се поголеми од оние кои САД ги користеа против борците на ИСИС во градовите како Мосул и Рака. Во Мосул за девет месеци биле убиени меѓу 9.000 и 11.000 цивили, бројка која во Газа беше постигната за само два месеци. Последните извештаи сугерираат дека најмалку 15.000 цивили се убиени.
Повеќе од двојно убиени жени и деца се пријавени досега во Газа отколку во двете години војна во Украина, вели еден извештај на Обединетите Нации. Експертите сметаат дека бројот на загинати цивили во Газа може да се процени на 10.000 иако е тешко да се процени бидејќи Хамас не ги објавува жртвите, напиша Њујорк Тајмс на 25 октомври, ден откако почна петдневното примирје.
„Цивилите во Газа се убивани во историски брзо темпо“, гласи насловот на статијата.
Два дена подоцна, Аксиос напиша дека бројката на убиените жени и деца во Газа е најмалку 14.800. Денеска продолжија борбите.
Сепак, ако се гледа вкупниот биланс на цивилни жртви во Украина, а не само жените и деца, само во Мариупол во Украина загинале над 20.000 граѓани, се вели во статијтата на Њујорк Тајмс. Обединетите Нации сметаат дека бројката на убиени во Украина сепак е многу поголема од она што е официјално достапно и врз база на што се прават споредбите.
Во написот експертот Брајан Кастнер, чувар на оружје за Амнести интернешенел. вели дека и бомбите кои Израел ги користи во Газа се поголеми од оние кои САД ги користеа против борците на ИСИС во градовите како Мосул и Рака. Во Мосул за девет месеци биле убиени меѓу 9.000 и 11.000 цивили, бројка која во Газа беше постигната за само два месеци.
Газа е многу помала од еден Авганистан или Ирак.
Голем е и обемот на нападите. Според написот Израел нападнал 15.000 цели пред да започне примирјето, а погодени се повеќе од 60.000 станбени згради.
Веста којашто минатиот месец, на први ноември, го шокираше светот беше тврдењето на властите во Газа дека според нив во војната Израел фрлил 18.000 тони експлозив, или 1,5 пати повеќе експлозив отколку што било фрлено во јапонскиот град Хирошима во 1945 година, објави Агенцијата Анадолија.
Пред пет дена агенцијата објави дека дд почетокот на војната вкупно се фрлени 40.000 тони експлозив.
Информацијата не беше потврдена од западните медиуми.
Според официјалната историја, во Хирошима во 1945 година биле фрлени 15.000 експлозив, додека во Нагасаки биле употребени 25.000.