ДВЕ НЕДЕЛИ НЕМА СИГНАЛ ОД ЛЕТАЛОТО НА НАСА НА МАРС „Сондата можеби се врти на неочекуван начин“

Иако МАВЕН нема директна замена, научниците се надеваат дека контролата ќе биде повратена, барем делумно, во наредните денови. Според изворите, системите за комуникација и напојување на леталото се во „режим на заштита“ и реагираат на основни команди, што внесува доза оптимизам во контролната сала на НАСА.

590

Вселенската агенција НАСА веќе две недели не добива сигнал од сондата МАВЕН која орбитира околу Марс. Портпаролката на агенцијата за германската новинска агенција ДПА изјавила дека течат напори за повторно воспоставување на контакт со леталото.

На 15 декември НАСА објавила дека добила „краток фрагмент од податоци за следење“ кој укажува дека сондата можеби „се врти на неочекуван начин“. Овој вид ротација може да го загрози стабилниот пренос на податоци и комуникацијата со Земјата.






МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN), лансиран кон крајот на 2013 година, орбитира околу Марс и обезбедува клучни податоци за атмосферските услови на планетата. Преку овие мерења научниците го следат губењето на гасовите од атмосферата и еволуцијата на Црвената планета во текот на милијарди години.

 

НАСА и понатаму има активни мисии на површината на Марс, меѓу кои орбитерите „Mars Odyssey“ и „Mars Reconnaissance Orbiter“, како и роверите „Curiosity“ и „Perseverance“.

Иако МАВЕН нема директна замена, научниците се надеваат дека контролата ќе биде повратена, барем делумно, во наредните денови. Според изворите, системите за комуникација и напојување на леталото се во „режим на заштита“ и реагираат на основни команди, што внесува доза оптимизам во контролната сала на НАСА.

Поврзани содржини