ДВЕ ДЕЦА ЈАДЕЛЕ ГУМЕНИ БОНБОНИ СО КАНАБИС И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА Харибо бонбоните биле причина едно дете да падне во кома
Едно дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата Зикенхуисгроеп Твенте (Ziekenhuisgroep Twente) во Холандија.
Мало дете кое се разболело откако јадело бомбони Харибо што содржеле канабис е во кома во болницата, потврдиле од болницата „Зикенхуисгроеп Твенте“ (ZGT) во Холандија.
Всушност, според NL Times во случајот биле вклучени две деца, едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст.
Тие првично биле донесени во болница во Алмело, а потоа детето кое било во посериозна состојба, односно, во кома, било префрлено во друга, поспецијализирана болница.
„Двете деца сега се чувствуваат добро“, рекол портпаролот на болницата и изјавил дека не можат да дадат дополнителни детали поради заштита на приватноста, но нагласил дека инцидентот првично не бил сфатен сериозно.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.