ДВАЈЦАТА МИЛИЈАРДЕРИ ЌЕ СЕ БОРАТ ВО КАФЕЗ? Маск го предизвика, Закерберг прифати
Сопственикот на Твитер и шефот на Мета, матичната компанија на Фејсбук и на Инстаграм, се договорија да се борат меѓу себе во кафез, барем судејќи според нивните објави на социјалните мрежи.
Двајцата најголеми технолошки милијардери, Илон Маск и Марк Закерберг, наскоро може да ги одмерат силите на една поинаква платформа. Сопственикот на Твитер и шефот на Мета, матичната компанија на Фејсбук и на Инстаграм, се договорија да се борат меѓу себе во кафез, барем судејќи според нивните објави на социјалните мрежи.
Elon Musk and Mark Zuckerberg agree to hold cage fight https://t.co/RIJ5SflsGN
— BBC News (World) (@BBCWorld) June 22, 2023
Маск, го предизвика Закерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.
„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер.
Тој додаде дека е за „тепачка во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.
Закерберг брзо го прифати предизвикот и објави скриншот од твитот на Маск со натпис „испрати ми локација“. И доби одговор дека пресметката ќе биде во „Вегас октагон“
Октагонот е душек за натпреварување и ограден простор што се користи за натпревари на ултимејт фајт.
Маск, кој овој месец полни 52 години потоа на Твитер најави дека има своја тактика иако нема навикам многу да тренира.
„Имам одличен потег што го нарекувам МОЌ, каде што само лежам над мојот противник и не правам ништо“
„Речиси никогаш не вежбам, освен кога ги земам моите деца и ги фрлам во воздух“ – напиша Маск.
Во меѓувреме, 39-годишниот Закерберг веќе тренира мешани боречки вештини (ММА) и неодамна победи на турнири во џиу-џицу.
Нивната размена на твитови стана вирална меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои дебатираа кој ќе победи во борбата, додека други објавија меми, вклучувајќи измислени постери кои ја рекламираат борбата.
Elon Musk vs Mark Zuckerberg: The greatest fight of our generation 🤯 pic.twitter.com/4k2H5VwGMu
— Happy Punch (@HappyPunchPromo) June 22, 2023