ДУРИ 32 ОТСТО ОД СЕДУМГОДИШНИТЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА СО ЗГОЛЕМЕНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА, 15 ОТСТО-ДЕБЕЛИ Нов извештај на СЗО/Европа
Според извештајот на СЗО/Европа, дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и понатаму е на високо ниво. Вкупно 29 отсто од децата се соочуваат со зголемена телесна тежина или дебелина. Намалување на зголемената телесна тежина и на дебелината има само во три земји: Малта, Сан Марино и Италија.
Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажува најновиот извештај на Светската здравствена организација/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI).
Според извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од пет отсто меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2 процента).
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.