ДУНАВ СЕ СПРЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО УНГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Циклонот Борис веќе однесе најмалку 21 жртва

Ова е една од најтешките поплави во регионот во последните 30 години. Хрватска, Унгарија и Словачка се уште се во состојба на готовност, бидејќи се прогнозираат пообилни врнежи од дожд.

474

Дунав се излеа од коритото во Унгарија, го поплавил долниот кеј во Пешта,а водата стаса до зградата на парламентот во Будимпешта.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка. Тој предупреди дека повеќето несакани настани не се случуваат во пикот на водостојот, туку за време на бавниот пад, што е забележан и кај Австријците.






Сепак, добрата вест е што во наредната недела не се очекува силен дожд.

Бројот на жртвите од поплавите предизвикани од циклонот Борис во Полска, Унгарија, Романија и Австрија се искачи на 21. Ова е една од најтешките поплави во регионот во последните 30 години.

Хрватска, Унгарија и Словачка се уште се во состојба на готовност, бидејќи се прогнозираат пообилни врнежи од дожд. Италијанските региони Емилија Ромања и Лацио го активираа жолтото метео предупредување за пороен дожд и грмотевици.

Романија прогласи вонредна состојба за областите Галати и Васлуи, која ќе остане на сила до 16 октомври. И Полска прогласи состојба на природна катастрофа.

Чешката асоцијација за осигурување проценува дека поплавата на крајот може да ја чини земјата 677 милиони евра.

Неколку погодени земји, главно Полска и Чешка, може да очекуваат сериозни прекини во сообраќајот по големата штета на нивните железнички системи.

Сообраќајот на Дунав во Австрија останува затворен.

Поврзани содржини