ДУЧО ЛОРЕНЦИНИ, НАЈДОБРИОТ ТОСКАНСКИ ШЕФ ГОТВИ ЗА СКОПЈАНИ „Италијанската кујна е наједноставната кујна на светот“
Има 66 години, готви од својата 18-та година, но станал шеф дури на 35. „Првите 10 години лупев компири и помагав во кујната, но не бев шеф, а денес сите сакаат веднаш да бидат шефови“, вели Лоренцини кој секоја година, традиционално, готви во ресторанот на еден од неговите омилени ученици, Влатко Огненовски.
Најпознатиот тоскански шеф Дучо Лоренцини, речиси секоја година ја посетува Македонија за да готви во кујната на „Таверна Тоскана“, рамо до рамо со еден од своите најсакани ученици, Влатко Огненовски.
„Влатко го знам од неговата 18 година кога почна да учи да готви од мене и многу често, речиси секоја година доаѓам во Скопје и во Македонија токму поради него“, вели шеф Лоренцини со кој зборувавме уште првиот ден од предвидените три (10, 11 и 12.ноември), колку што, заедно со Влатко, ќе готват за скопјани во „Таверна Тоскана“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.