ДОЗНАЛА ДЕКА ЌЕ ИМА БЕБЕ НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ДА СЕ ПОРОДИ Американска двојка која 10 години се борела со неплодност е во шок
Не можеле да имаат деца, па посвоиле две, а потоа дознала дека е бремена кога веќе била во деветти месец и само неколку часа пред да се породи.
Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси, од американската сојузна држава Илиноис, дознале дека чекаат бебе само неколку часа пред породувањето.
По речиси една деценија обиди да забременат, Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси го дочекале своето прво дете на почетокот на овој месец – но среќниот момент дошол само неколку часа откако Ники дознала дека е бремена.
Ники го родила синот Чарли, кратко по полноќ утрото на 2 февруари во болницата Northwestern Medicine Central DuPage во Винфилд, Илиноис. Тоа било големо изненадување со оглед на тоа што двајцата се соочувале со тешкотии во врска со зачнувањето откако се венчале во 2014 година и претпоставувале дека тој ден никогаш нема да дојде.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.