📽 ДОНАЛД ЗАИГРА, И ТОА ВЕШТО И СЕКСИ Танцот на Трамп е хит на Тик-Ток

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тик-Ток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.

576

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, како дел од својата изборна кампања, гостуваше во подкастот на популарниот стример Адин Рос на платформата Кик.

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тик-Ток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.






Видеото од неговиот танц го погледнале повеќе од 26 милиони луѓе и собра над 4,3 милиони лајкови, а многумина ги коментираа потезите на Трамп.

„Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите.

Инаку, Трамп танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири каде знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.

@realdonaldtrump @adin ♬ original sound – President Donald J Trump

Поврзани содржини