ДОЛАРОТ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ БРОЈ ЕДЕН? Голдман Сакс предупредува, валутата може неславно да заврши како фунтата

Ако се изземе фактот дека моментално доларот доминира со глобалните плаќања (за нафта, гас, метали и останато), економијата на САД има реално мал удел во глобалното тргување. Америка, всушност, самата е голем увозник на стоки, што според Тесари и нејзиниот колега Зак Пандл е причина за големите долгови во кои земјата се наоѓа, односно има „влошена нето позиција“. Војната во Украина дополнително ја заострува ситуацијата.

2,680

Доларот е на пат да ја изгуби глобалната доминација соочувајќи се со предизвици со кои се бореше британската фунта на почетокот на 20 век, предвидуваат од Голдман Сакс, една од најголемите инвестициски банки во светот со седиште во Њујорк, пишува БизнисИнсајдер. Одлуката на САД да замрзнат голем од резервите на Централната банка на Русија ги загрижи некои земји дека доларот би можел да биде премногу моќен, па тие намерно прибегнуваат кон тргување со други валути, како што се рубљите, јените …

Истражувањето на Голдман Сакс, објавено минатиот четврток, е знак дека големите инвеститори сериозно ги сфаќаат ризиците за доларот. Според економистката Кристина Тесари, доларот го чека судбината на фунтата, која од прва светска резервна валута, на крајот била заменета од доларот до средината на минатиот век.






САД се во долгови, а реално имаат мал удел во светската економија

Ако се изземе фактот дека моментално доларот доминира со глобалните плаќања (за нафта, гас, метали и останато), економијата на САД има реално мал удел во глобалното тргување. Америка, всушност, самата е голем увозник на стоки, што според Тесари и нејзиниот колега Зак Пандл е причина за големите долгови во кои земјата се наоѓа, односно има „влошена нето позиција“. Војната во Украина дополнително ја заострува ситуацијата.

Како ќе падне доларот? Еве како било со фунтата. Откако Велика Британија насобрала огромен долг по Втората светска војна, меѓународните инвеститори сè помалку сакале да ја задржат, велат аналитичарите на Голдман Сакс.

„Ако се дозволи долгот на оние кои ја издаваат резервна валута да расте во однос на (американскиот) БДП, на крајот странците може да почнат да одбиваат да држат повеќе од неа (во своите сметки)“, напишаа тие.

фото: твитер/принтскрин

Распарчен глобален систем

Гита Гопинат, заменик-директор во Меѓународниот монетарен фонд, неделава за Фајненшл тајмс изјави дека западните санкции против Русија можат да создадат пораспарчен, односно пофрагментиран глобален систем што може да го оштети доларот.

Таа, исто така, рече зголемена употреба на други валути во светската трговија ќе предизвика националните централни банки да ги разделат по разни валути девизните резерви што ги чуваат, на сметка на зелената банкнота.

фото: твитер/принтскрин

Засега нема кој одржливо да го замени доларот

Сепак, многу аналитичари тврдат дека статусот на доларот како глобална резервна валута е безбеден во догледна иднина, имајќи предвид дека нема одржлива алтернатива подготвена да се вклучи, како што тоа го направи доларот кога ја замени фунтата.

Според Голдман Сакс, судбината на доларот е во голема мера во рацете на САД.

„Политиките кои дозволуваат неодржливите расходи на тековната сметка да опстојуваат, доведуваат до тоа да се насоберат големи надворешни долгови и да резултираат со висока инфлација во Америка, а со тоа може да придонесат за замена (на доларот) со други резервни валути“, велат аналитичарите на банката.

Поврзани содржини