ДОДЕКА УКРАИНКА ДАВА ИНТЕРВЈУ, НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА ПРАВАТ ГРИМАСИ Украински деца го украдоа вниманието пред камерите на Си-Ен-Ен
Во интервју со водителот на Си-Ен-Ен, Андерсон Купер, во живо од засолништето, Олена Гнес известуваше за настаните во Киев, додека нејзините деца правеа гримаси пред камерата и пред многу гледачи на Си-Ен-Ен.
Украинката Олена Гнес во интервју со водителот на Си-Ен-Ен, Андерсон Купер, во живо од засолништето, известуваше за настаните во Киев, додека нејзините три деца скокаа наоколу и правеа гримаси пред камерата на Си-Ен-Ен. А што би правеле друго после 36 часа престој во подрумска просторија додека наоколу паѓаат бомби.
Олена во разговорот со Купер вели дека децата се полни со енергија и не знаат како поинаку да се ослободат од неа.
„Особено затоа што бараме од нив да бидат тивки цело време“, вели таа. „Ние сме во затворени простории без сончева светлина и, да, навистина е тешко за децата“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.