ДОБРА ВЕСТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ РОДИТЕЛИ Поминувањето многу време во градинка не предизвикува проблеми во однесувањето
Идејата дека децата кои поминуваат повеќе време во градинките имаат проблеми во однесувањето е предмет на дебата веќе долго време, не само меѓу родителите туку и меѓу научниците. Едно ново истражување покажало дека тоа не само што не е така, туку има токму спротивен ефект. Ризикот од лошо однесување кај децата во градинка, го носат само преполните градинки.
Добра вест за сите вработени родители. Една нова студија која се фокусирала на однесувањето на децата покажала дека не постои директна врска помеѓу децата кои поминуваат повеќе часови во градинка и агресивното или асоцијалното однесување. Резултатите од студијата се објавени во списанието Child Development, а се базирани на податоци за повеќе од 10.000 деца од предучилишна возраст од Северна Америка и Европа.
Според студијата, исто така, немало докази кои укажуваат на тоа дека нивото на образование на мајката или нејзиниот приход во домаќинството имале некакво влијание врз тоа колку време детето поминало во градинка. Но, што е најважно, доказите сугерираат дека градинките можат да бидат корисни за однесувањето на децата кога станува збор за учењето.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.