ДОБИВ, ИМАШ ВЛОШКА? Почна кампањата за бесплатни менструални производи во женските тоалети на државните факултети
„Бести“ или најдобрата другарка на секоја девојка е главниот лик на кампањата „Никогаш повеќе сама“ на компанијата „ДМ дрогерие маркт“ во чии рамки отсега, во женските тоалети на сите државни факултети ќе има бесплатни влошки за сите студентки
Прашањето: „Добив, имаш влошка?“ секоја девојка и жена го има поставено барем еднаш во животот во ситуација кога немала пари за влошки или не била подготвена за менструалниот циклус кој можеби тој месец ѝ почнал порано од вообичаеното.
Затоа, но и поради фактот што многу девојки и жени во нашата држава едноставно немаат доволно средства за основните менструални производи, од овој месец компанијата dm дрогерие маркт започнува со донација и поставување над 200 диспанзери и хигиенски влошки во женските тоалети на сите државни факултети во нашата земја кои ќе бидат редовно надополнувани со хигиенски влошки од нивната приватна марка Jessa, до крајот на годината и во текот на 2025 година.
Ова беше соопштено на прес-конференција на која освен Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm Македонија, се обратија и ректорите на дел од државните универзитети кои се активни поддржувачи и учесници во кампањата.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.