ДОАЃААТ НОВИ СОЕВИ НА КОРОНА Научниците предупредуваат дека може да се посмртоносни

Иако омикрон сојот се смета за послаб во однос на претходниците тоа не значи дека наредните соеви само ќе слабеат.

2,182

Ширум светот забрзано опаѓа заразувањето со сојот делта на ковид-19 и најголем број од новозаразените се со сојот омикрон за кој научниците се сложни дека предизвикува поблаги симптоми. Поради двата соја, стелт омикрон и делтакрон, научниците смируваат дека болеста добива полесен тек и дека можно е ковид да стане сезонско заболување.

Но не сите научници се сложуваат со оваа констатација. Според некои претставници на научната фела, иако сега соевите се со послаби симптоми тоа не значи дека ќе остане така т.е. дека некои нови мутации нема да бидат поопасни и посмртоносни.






„Ќе има уште соеви после омикрон, а ако се позаразни тие ќе станат доминантни. Не е исклучено да носат потешка клиничка слика или подолготрајни последици од болеста“ вели Дејвид Набаро, специјален советник на Светската здравствена организација за ковид-19. Тој нагласува дека вакцинацијата и следењето на мерките и понатаму се најсигурните начини за заштита.

„Пристапот кој ги охрабрува луѓето на непретпазливост е опасно коцкање со здравјето и иднината“ додава тој.

„Еволуцијата на вирусот не е линеарна и иако тој слабее не значи дека таквиот тренд ќе продолжи. Може да следуваат поопасни соеви“ истакнува Лоренс Јанг од Универзитетот во Ворвик.

Поврзани содржини