ДОАЃА ВТОРИОТ БРАН НА МОБИЛИЗАЦИЈАТА? Путин загубил 6.000 војници само за две недели, време да се регрутираат неискусните граѓани

Во април, институтот ИСВ откри дека руските баталјони БТГ биле растурени при борбите во повеќе руски напади, во градовите како Киев, Мариупол, Северодонецк и ви Лисичанск. Се смета дека нивното повторно формирање не успеало, па мобилизацијата на неискусни граѓани би требала да ја пополни оваа дупка.

640

Втор бран на мобилизација во Русија е сè поизвесен, а многу руски граѓани и во моментот тајно бидуваат регрутирани, анализира ИСВ, познатиот американски Институт за проучување на војната. ИСВ се повикува на информацијата од британското Министерство за одбрана кое вели дека Русија најверојатно го прекинала распоредувањето на искусните баталјонски тактички групи БТГ, пренесува Њузвик.

Истовремено, стигнаа вестите дека Владимир Путин загубил повеќе од од 6.000 свои војници за две недели, со што од почетокот на војната загинале 88.800 лица од двете страни. Ова го објави Генралштабот на украинските сили. Во објавата од 16 ноември се вели и дека Русија за две недели изгубила  и 43 тенкови, 75 оклопни возила и 69 возила и резервоари за гориво.






Плусинфо веќе пишуваше дека руски професор изјави дека Путин планира втора мобилизација и дека во максимални бројки тоа значи дека можат да бидат одведени до 2 милиони луѓе на фронтот, меѓу кои 300.000 жени.

Во април, институтот ИСВ откри дека руските баталјони БТГ биле растурени при борбите во повеќе руски напади, во градовите како Киев, Мариупол, Северодонецк и ви Лисичанск. Се смета дека нивното повторно формирање не успеало, па мобилизацијата на неискусни граѓани би требала да ја пополни оваа дупка.

ПУТИН БИ МОЖЕЛ ДА МОБИЛИЗИРА 300.000 ЖЕНИ? Ако се оди на целосна мобилизација, тоа се вкупно 2 милиони луѓе

 

Поврзани содржини