ДОАЃА ВИНОДОНИЈА 2023 Годишна изложба на друштвото на вински уметници на Македонија

Винодонија е навистина она што се уметничките изложби за уметниците, место каде што винарите ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат реакциите додека се пробува првата капка од нивната нова етикета, или од некоја веќе позната која сега одлежала една година плус во дабово буре. Годинешниот вински салон Винодонија 2023 ќе се одржи на 8-ми и 9-ти декември во хотел Мериот, од 15 до 21 часот.

224

Голем број градови и општини ширум Maкедонија ги тресе винската треска, но сѐ уште има такви на кои им е најважно само да има што да се пие, без оглед на тоа – што се пие.
Скопскиот вински салон Винодонија е тука, годинава во своето седмо издание, токму за да ја смени таквата перцепција.
Винодонија ѝ дава печат на валидноста на изјавата дека овој салон навистина е она што се уметничките изложби за уметниците, место каде што винарите ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат реакциите додека се пробува првата капка од нивната нова етикета, или од некоја веќе позната која сега одлежала една година плус во дабово буре. Од вашиот поглед и реакцијата, ќе зависи и ширината на нивната насмевка и мотивот да понудат за дегустација уште нешто на што се особено горди.
И оваа Винодонија ќе биде уште една можност да видите, да пробате и да уживате во вината на нашите домашни, но и странски винарии. Според Дејан Донев, еден од организаторите на салонот, тоа ќе бидат над 80 винарии со над 600 етикети.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини