ДОАЃА ПРАШИНАТА ОД ГРАНАТИТЕ ВО УКРАИНА Ветрови ќе ја донесат на Балканот за помалку од 10 часа
Ристиќ вели дека за слично време и во 1986 година радиоактивната прашина од Чернобил стигнала на нашите простори.
Прашината од гранатите и бомбите кои се фрлаат во војната во Украина би можела да стигне на Балканот за помалку од 10 часа, преку силни ветрови кои веќе се формираат во Црното Море, вели метеорологот Иван Ристиќ од Србија, а пишува Б92.
– „Сè што лета низ атмосферата, како што е прашината од експлозија на бомба, се движи кога воздухот е влажен – објаснува тој.
Имено, влажните облаци кои ќе поминат над Украина се однесуваат речиси како сунѓер и „собираат“ нечистотии во воздухот, пишува 24sedam.rs.
– Циклонот почна да се формира во саботата, а во наредните десет дена ќе имаме струи најмногу од тој правец. А кон нас доаѓа сѐ што оди на висина од 500 до 1.000 метри – вели Ристиќ.
Ристиќ вели дека за слично време и во 1986 година радиоактивната прашина од Чернобил стигнала на нашите простори.
– Единствено што е важно е да нема радиоактивност. Затоа сите се плашат од нуклеарна војна. Затоа што бомба убива луѓе на неколку километри, но радиоактивноста потоа се шири понатаму -објасни тој.
Сепак, тврди Ристиќ, честичките кои доаѓаат од оружјето во Украина нема да бидат опасни по животот на граѓаните.