ДОАЃА ЛЕТО А СО НЕГО И КОМАРЦИТЕ Кои бои да ги облечете за да ве избегнуваат
Како што открива истражувањето комарците имаат омилени бои, а со тоа и бои на облека кои ги избегнуваат.
Летото доаѓа брзо, а покрај убавините кои ги нуди како што е сончањето на плажа, со него доаѓаат и комарците. Прашањето кое самото се наметнува е какви бои на облека ги привлекуваат комарците.
Како што откриваат научниците од Универзитетот во Вашингтон комарците имаат омилени бои. Така комарците преферираат црна, портокалова и црвена додека по нивен вкус не се зелената, виолетовата и белата боја.
„Едно од најчесто поставувано прашање е како да ги избегнеме комарците. Главните три фактори кои ги привлекуваат се човековиот здив, човековата пот и температурата на кожата. Покрај ова откривме дека влијание имаат и боите“ објаснува Џефри Рафаел, предводник на истражувањето.
Истражувачите веруваат дека ова ќе помогне да се разбере како комарците ги бираат жртвите иако овие инсекти човечката кожа, без разлика на бојата, ја гледаат како црвенопортокалов сигнал.
Експериментот е спроведен во мини комори во кои на комарците им биле нудени палети на бои. Тие се индиферентни на сите бои додека не почувстуваат јаглерод диоксид кој се наоѓа во човековиот здив. И при дразба од човеков здив комарците ги избегнувале зелените, сините и виолетова.
Затоа ако сакате да ги избегнете комарците, сега знаете и кои бои да ги носите.