ДО 5 ГОДИНИ ДЕЦАТА ВЕЌЕ ИМААТ 1.500 ФОТОГРАФИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Истражување на родителски сајт од Британија
Во просек, родителот објавува речиси 1.500 фотографии од своето дете на социјалните мрежи пред тоа да наполни пет години.
Истражувањето е спроведено меѓу 2.000 родители кои користат социјални мрежи од страна на сајтот Tech Parent Zone од Британија, која се занимава со предизвиците на дигиталната ера.
Посебно е загрижувачки кога ќе се земе предвид дека нешто повеќе од четвртина од родителите имаат поставки за јавен пристап. Тоа значи дека секој може да види што објавува, дури и ако не се пријатели на социјалните мрежи.
Денеска не е невообичаено фотографиите од децата да се објавуваат на интернет уште пред да се родат, а тоа е тренд кој го следат сè поголем број идни родители. Не е невообичаено родителите да креираат профили на Инстаграм и Фејсбук за своите мали деца.
Имајќи ги предвид овие податоци, УНИТАС, меѓународна хуманитарна организација која се занимава со борба против трговијата со луѓе, укажува на потребата да се едуцираат родителите и децата за безбедно и одговорно однесување во виртуелниот свет.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.