📷 ДИШЕ ЛИ НЕКОЈ ВОЗДУХ НА НОВООТКРИЕНАТА ПЛАНЕТА?! Научниците пронајдоа вода, но и молекули на живот

Океанот може да има температура од 100 степени Целзиусови или повеќе. На високиот атмосферски притисок, толку врел океан може да биде течен, но не се знае дали може да биде населен со живот.

1,155

Набљудувањата од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ откриле водена пареа и хемиски „потпис“ на метан и на јаглерод диоксид во атмосферата на вонсончевата планета Проксима Б која орбитира околу ѕвездата Алфа Кентаури.

Оваа хемиска смеса укажува на воден свет каде што океанот покрива цела површина и атмосфера богата со вода.






„Океанот може да има температура од 100 степени Целзиусови или повеќе. На високиот атмосферски притисок, толку врел океан може да биде течен, но не се знае дали може да биде населен со живот“, рече професорот кој ја водел анализата Нику Мадусудан.

Канадски научници, пак, се сомневаат дека планетата е премногу топла за течна вода и велат дека температурата е околу 4.000 степени Целзиусови.

Поврзани содржини