ДИЊАТА ТОПИ КИЛОГРАМИ, ГО ЗАЈАКНУВА СРЦЕТО, ИМА НИЗОК ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС Вкусно овошје за здравје на очите, регулирање на притисокот, заштита од рак
Дефинитивно треба да ја искористите сезоната на дињи. Содржат каротеноиди, фолати, без кои нема нормален развој на нашите клетки, влакна и фитонутриенти, а имаат и низок гликемиски индекс.
Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапе и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот.
Постојат повеќе видови диња, а кај нас најзастапени се оние со портокалова или жолта внатрешност, како и зелената, која е нешто помала и позната како руски ананас.
Зошто дињата е добра за здравјето?
Дињата содржи исклучително малку калории и масти, а нејзиниот плод содржи 95 отсто вода, 1 отсто протеини, 5,5 отсто шеќер, 1 гр растителни влакна, лимонска киселина…
Богата е со витамини како што се каротин, витамин Б и витамин Ц, а од минералите содржат фосфор, калциум, магнезиум, калиум, железо, цинк…
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.