ДИЊАТА ПОМАГА ВО БОРБАТА СО РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ Одлична за очите, за регулирање на притисокот, за дијабетес

Некои нови истражувања тврдат дека бета-каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но и кај болестите на грлото на матката, желудникот и устата. Растителните влакна благотворно делуваат на чистење на организмот од штетните радикали и одлично помагаат при надуеност. Таа го штити и здравјето на очите, ги регулира притисокот и варењето

218

Дињата е летна намирница во чиј прекрасен мирис и совршен вкус сите уживаме. Можеби не сте знаеле дека таа е добра и за нашето здравје! Дињата не дебелее, освежителна е и полна со витамини и други важни состојки неопходни за организмот. Содржи околу 88% вода и само 11% шеќер, што ја прави фантастично нискокалорично летно освежување. Витаминот А од дињата е неопходен за добар вид и тен, а содржи и витамин Ц. Овие два антиоксиданти го штитат организмот од кардиоваскуларни заболувања при стареење.

Некои нови истражувања тврдат дека бета-каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но и кај болестите на грлото на матката, желудникот и устата. Растителните влакна благотворно делуваат на чистење на организмот од штетните радикали и одлично помагаат при надуеност. Таа е најдобриот избор за оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми бидејќи хранливите состојки во неа го регулираат варењето и детоксицираат. Влакната од дињата ќе ве држат сити долго време.






Повеќе за дињата како лек прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини