ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ ПОСУРОВИ И ПОСКЛОНИ КОН ЕМОТИВНИ УЦЕНИ Престиж, докажување и доминација меѓу врсниците
Постојат причини зошто девојчињата почесто користат социјална и емоционална агресија во форма на озборување, исклучување од врснички групи, манипулации…Дел од тајната лежи во одредени делови од мозокот
Невролошките студии покажуваат дека девојчињата се развиваат побрзо во деловите од мозокот одговорни за емоциите и комуникацијата, што ги прави повешти за психолошко надмудрување.
Иако суровото однесување постои и кај двата пола во детството и меѓу врсниците, начинот на кој тоа се манифестира е различен.
Девојчињата се со поголема веројатност да бидат вербално и емоционално агресивни, што може да има подолготрајни последици. Момчињата се физички погруби и имаат различен модел на однесување. Воспитувањето, биолошките фактори и социјалните норми играат клучна улога во овие разлики.
Престиж, докажување, доминација: Зошто девојчињата и момчињата покажуваат поагресивно однесување
Децата се невини, нерасипани и сакаат со чисто срце, но кога првпат ќе влезат во група, понекогаш почнуваат да покажуваат помалку пожелно однесување.
Секако, во повеќето случаи тоа се минливи епизоди на желба за престиж, доминација или самопромоција, кои децата, особено на рана возраст, не знаат добро да ги канализираат бидејќи процесот на нивното созревање допрва почнува.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.