ДЕТСКИ РОДЕНДЕНИ ВО СПА ЦЕНТРИ?! Малите принцези добиваат педикир, маникир, релаксација…

Од лошо полошо…Откако сѐ помлади жени, да не речам девојчиња се шетаат со полузголемени или усни отечени за сите пари, еве слушам и за нов тренд, не само во белиот свет, туку и во соседна Србија: славење родендени на девојчиња од претшколска возраст во спа-центри. Сакате маникир, педикир, релаксација? Кај да е, спремни и за силиконски усни

263

На еден српски портал сретнав информација дека во Белград и Нови Сад постојат роденденски центри во кои се организира спа за девојчиња од претшколска возраст. Спа? Така де, она место каде што за околу 3.000 динари по дете (околу 1500 наши денари), на малите принцези им се прават третмани за возрасни. И си велам, еве, доаѓа уште една глупоштина сѐ поблизу до нас. А можеби е веќе стасана и кај нас, којзнае, уште не сум чула, скраја да е! Се надевам само дека не им давам идеја на некои претприемнички настроени родители!

Вакви роденденски прослави секако, веќе поодамна се прават во белиот свет. Роденденската прослава е замислена да биде гламурозна и раскошна, па принцезата на која тој ден ѝ е роденден добива фустан за принцеза, кој е комплетиран со магични локни кои ќе ги краси и круна, со дискретна шминка, сенки за очи, сјаеви, лакови за нокти со кои персоналот ќе ја разубавува принцезата и нејзините пријателки за кои се подготвени и сукњички од тул, кошули со апликации на круни, влечки, бањарки.






И додека принцезата и нејзините пријателки пијат топло чоколадо, нивните стапала се натопени во миризлива купка проследена со педикир. Или маникир. Или шминка. Или се легнати во бањарка во делот за релаксација со маска на лицето и тркалца од краставица на очите.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини