ДЕТЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ОТСТРАНЕТО ОД БИНАТА ЗА ВРЕМЕ НА БОЖИЌНАТА ПРЕТСТАВА Мајката објавила видео од настанот и го испишала детето од градинката

Додека другите деца пеат на сцената, Јаков е на клупата, игра и чека сѐ да заврши. Зошто не можеше да излезе на сцената и зошто беше отстранет од неа? Прашува мајката на петгодишниот Јаков, дете со Даунов синдром од гратчето Широки Брег во БИХ.

1,071

Случајот со петгодишното момче со Даунов синдром од Широки Бријег (БИХ), кое беше отстрането од сцената за време на божиќната претстава во градската градинка Трноружица, шокираше многумина. Мајката Драгана објави две видеа на социјалните мрежи. Во првото се гледа како една од воспитачките го трга малиот Јаков од сцената, а се слуша како неговата мајка ѝ вели: „Пушти го“ и видеото за кратко завршува.

После тоа, мајката објави уште едно видео кое предизвика најмногу реакции. На него се гледа како Јаков седи на клупа во ходникот додека претставата сѐ уште трае.






Повеќе за ова, како и двете видеа за настанот можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.

 

Поврзани содржини