ДЕТАЛИ ОД БЕСРАМНАТА ОДБРАНА НА МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА КОЈА ТЕПАШЕ СТАРИЦА Малтретираната жена со Алцхајмер е на сигурно, во прегратките на својата ќерка
„Слушнав бучава во бањата и отидов да погледнам. Моите колеги имаа проблеми таму и сакав да помогнам. Ме нападна и ми ја повреди раката, ме нападна со нога. Не употребив насилство или голема сила освен да ја спречам да ме нападне. Таа тој ден нападна и друг станар“, тврдела медицинската сестра која тепаше повозрасна жена со Алцхајмер во домот за стари лица во Пеќ.
Аурона Пељај, која заедно со уште две медицински сестри беше уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа како таа тепа повозрасна жена во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, иако на Фејсбук се извини, пред полицијата дала срамна одбрана. Според косовските портали, Аурона тврдела дека всушност се бранела од старицата, иако на видеото кое се појави на социјалните медиуми и трае мачно долго, јасно се гледа како таа се смее додека ја удира старицата која нема сила да се одбрани од неа. Другите медицински сестри пак, иако не се гледаат на видеото, се подеднакво инволвирани во случајот бидејќи наместо да преземат нешто, убаво се забавуваат гледајќи ја сцената.
Одбраната на Аурона Пељај е дека старицата прва ја нападнала и дека била агресивна, пренесува косовскиот портал Сигнал (Sinjali).
Повеќе за ова, како и видео од приведувањето на трите медицински сестри ќе најдете на порталот „Мајка и дете“.