ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРЕТО ДЕТЕ Хрватскиот град Новска со нови демографски мерки

Градскиот совет на град Новска донел одлука за покачување на паричниот надоместок за новороденчињата.

121

За прво дете родителите во хрватскиот град Новска сега ќе добиваат 1.000 евра, наместо досегашните 335, за второ дете ќе добиваат 2.000 евра, наместо 665, додека додатокот за трето и секое наредно дете расте од 1.330 на 10.000 евра.

Ова е прва од новите демографски мерки што годинава планира да ги спроведе градоначалничката на Новска, Марија Кушмиш, а поради која се очекува во следните години да се зголеми просечната бројка од околу стотина родени бебиња.






Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини