ДЕНЕШНИТЕ ДЕЦА НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДЕЦА! Како хеликоптер-родителите им ја одзедоа на децата слободната игра
Според истражувањата, значителни промени во навиките за воспитување деца почнале да се случуваат во деведесеттите години на минатиот век. можностите за децата да бидат физички активни преку спонтана игра станаа ограничени. Резултатот е губење на независноста стекната преку неструктурирана, ненадгледувана игра
Денешните деца не смеат да бидат деца. Спонтаната детска игра, која вклучува прошетки во шума, играње топка на игралиште или лежење на тревата и гледање на облаците, е минато.
Ова го покажа студијата објавена во списанието Sociology of Health & Illness, која ја истражуваше историјата на физичката активност и играта меѓу жителите на Велика Британија родени помеѓу 1950 и 1994 година.
„Во мое време имаше повеќе слобода. Одевме да играме каде сакаме и мајка ми не беше загрижена”, напишал еден од испитаниците.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.