ДЕНЕС СПЛИТ ЌЕ МИРИСА НА МЕКИЦИ Шеф Дејан Карапеев стана татко, се слави и во коноба „Корта“ и во „Естел фуд гуру“

Тато Дејан од минатата година е партнер во коноба „Корта“ во Диоклецијановата палата во Сплит, па малата Елена се роди во овој преубав хрватски град на море. Затоа денес ќе се прават мекици и во конобата во Сплит (ќе ги прави Даниела Лазаревска) и во „Естел фуд гуру“ во Скопје каде што шеф Зоки Мајновски-Спиди веќе направил цел куп

2,777

Најмладиот од најпознатите македонски шефови, 32-годишниот Дејан Карапеев, кој од минатата година е партнер во коноба „Корта“ сместена во срцето на Сплит, поточно, во Диоклецијановата палата, вчера стана татко на ќеркичка.

Денес, во нејзина чест ќе се јадат мекици и во Скопје и во Сплит. Во Сплит мекиците ќе ги прави Даниела Лазаревска, инаку, како и Дејан, член на Алијансата на готвачи на Слоу фуд Македонија која оваа сезона работи во Сплит. Во меѓувреме, се прават мекици за адет и во Скопје. Шеф Зоран Мајновски Спиди, веќе ги направи мекиците во својот бутик за готвена храна „Естел Фуд Гуру“ во Аеродром. Тој му е колега и исто така член на Алијансата на готвачи на Слоу фуд Македонија, но и старосват на Дејан и со голема радост направи цел куп мекици, а во недела ќе прави и мајката на Дејан.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини