ДЕНЕС ПРЕД 40 ГОДИНИ БРИТАНИЈА ГИ ВРАТИ ФОЛКЛАНДСКИТЕ ОСТРОВИ 74 дена железната дама Тачер војуваше со Аргентина

По војната, во 1994 година, Аргентина повторно ги прогласи островите како нејзини во новиот Устав, но тие до ден денес оперираат како автономна британска колонија.

321

На денешен ден пред 40 години Велика Британија ја доби војната за Фолкландските Острови, а Аргентина се предаде пред упорноста на тогашната премиерка, железната дама Маргарет Тачер, чија иницијатива за повраток на оваа прилично мала, а значајна прекуморска територија, некогашен дел на Британската Империја, вроди со плод, јавува Би-Би-Си.

Конфликтот започнал кога на 2 април 1982 година Аргентинците решиле да ги освојат островчињата. Три дена подоцна Британците испратиле морнарица и авиони, иако постоела голема скепса за тоа дали воопшто да се влезе во војна за таква ситница. По 74 дена битки и 255 мртви Британци, а 649 починати Аргентинци, Обединетото Кралство ја враќа територијата.






Луѓето на Фолкландските Острови се претежно потомци на британските колонисти кои дошле во 1841 година. По војната, во 1994 година, Аргентина повторно ги прогласи островите како нејзини во новиот Устав, но тие до ден денес оперираат како автономна британска колонија.

Ветераните и фамилиите на загинатите Британци денес ќе се соберат на церемонија во Националниот меморијален арборетум.

Актуелната шефица на британската дипломатија, Лиз Трас, ја спореди акцијата на Аргентина од 1982 со окупацијата на Украина од страна на Русија.

Поврзани содржини