ДЕМЕНЦИЈАТА ГИ КРАДЕ СПОМЕНИТЕ, НО НЕ И ЧУВСТВАТА! Луѓето со деменција и нивните најблиски добија простор за дружба
Со кафе, игри и музика, за враќање на спомените, острење на меморијата и нови пријателства, на иницијатива на Институтот за Алцхајмерова болест и д-р Габриела Новотни, а со поддршка на првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, вчера (1.јуни) беше организирано таканареченото Memory Café во просториите на МладиХаб во центарот на градот. Затоа што деменцијата ги одзема сеќавањата и спомените, ама не и чувствата, вели д-р Новотни.
„Јас решив се, само тука згрешив.“
„Овде треба да се стави триаголникот.“
Овде малку се збунив, види!“
Лицата со деменција се трудеа да ги решат задачите чија единствена цел беше да ги разбудат нивните мозочни вијуги и уживаа на настанот кој вчера (1 јуни), беше организиран во просториите на МладиХаб во центарот на градот.
Претпладне, истиот простор беше место кадешто беше одбележан Меѓународниот ден за заштита на децата, со дружба со најмладите и работилница, а попладнето, на истото место се одржа и овој настан наменет за старите кои се повеќе наликуваат на деца, односно, за лицата со деменција и за нивните семејства.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.