ДЕЦАТА РОДЕНИ СО ПОМОШ НА ЗАМРЗНАТИ ЕМБРИОНИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ПОГОЛЕМ РИЗИК ОД РАК „Крио-бебињата“ подложни и на зголемен ризик од макросомија

Авторите на новата студија предупредуваат дека нивните нови наоди не можат дефинитивно да го поврзат трансферот на замрзнати ембриони со зголемен ризик од рак во детството. Тие забележуваат дека податоците се набљудувачки и не може да се исклучат други фактори како што се генетиката, здравјето на родителите пред зачнувањето и начинот на живот.

254

Бебињата зачнати со помош на замрзнати ембриони може да бидат изложени на поголем ризик од рак отколку децата зачнати со други методи, покажало големо нордиско истражување. Иако апсолутниот број на деца кои всушност имале рак бил низок, истражувачите велат дека нивните наоди треба да ги поттикнат клиниките за плодност да се оддалечат од пристапот „да се замрзне сè“ додека не се знае повеќе за тоа како замрзнувањето и одмрзнувањето на ембриони може да влијаат врз здравјето на идните генерации.

Едно од 12 деца во Европа се раѓа со помош на замрзнати ембриони






Се проценува дека едно од 12 деца во Европа моментално се раѓа по третман за плодност, вклучително и ин витро оплодување (ИВФ). Овој тип на асистирана репродуктивна технологија (АРТ) овозможува ембриони да се создадат од јајце и сперма во лабораторија и да се префрлат во матката на пациентката веќе три дена подоцна. Но, сè повеќе, ембрионите со ИВФ се замрзнуваат на неколку месеци – или години – пред да се одмрзнат и да се искористат за бременост.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини