ДЕЦАТА ЌЕ ПРАШУВААТ, НАУЧНИЦИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ Конференција за популаризација на науката меѓу децата!

Водечки македонски научници кои работат во земјата и во странство ќе дискутираат како науката да биде подостапна и поинтересна за децата. Дел од програмата на конференцијата се и работилниците за деца

90

Во организација на фондацијата „КАНТАРОТ“, во сабота (21 мај), ќе се одржи научната конференција „Наука за деца“. Темата на конференцијата е популаризација на науката меѓу децата. На конференцијата поголем број на водечки македонски научници кои работат во земјата и во странство ќе ги дискутираат начините и практиките за тоа како научните концепти и учењето нови содржини, може да се направат подостапни и поинтересни за децата. Повеќе детали, како и бесплатна регистрација за конференцијата се достапни на https://www.naukazadeca.mk/konferencija2022/ .

Во претпладневниот дел на програмата ќе се одржи серија на работилници за деца, преку кои децата на интересен начин ќе се запознаат со различни научни концепти, како Магијата на магнетите и изработка на холограми, a во рамки на секцијата „Илјада Зошто, Илјада Затоа“, ќе имаат можност да ја задоволат својата љубопитност и да им поставуваат прашања директно на научниците.






Научниот дел од конференцијата ќе опфати две панел дискусии кои родителите, наставниците и пошироката јавност ќе можат да ги следат преку online stream во живо.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини