ДЕЦА – ЅВЕЗДИ ВО УЧИЛИШТЕТО? На што се должи популарноста меѓу врсниците?
Резултатите од истражувањето покажуваат дека постои разлика помеѓу децата кои се здобиваат со популарност преку „просоцијалното однесување“ и децата кои привлекуваат внимание кон себе преку „антисоцијалното однесување“.
Како што растат, децата придаваат сѐ поголемо значење на популарноста во нивната врсничка група. Истражувањата покажуваат дека помалку од 10 проценти од децата покажуваат желба да бидат популарни во првите три одделенија од основното училиште.
Меѓутоа, со возраста, тој процент значително расте и го достигнува својот врв во периодот на раната адолесценција, помеѓу петтото и осмото одделение, кога популарноста во врсничката група станува еден од поважните приоритети.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.