ДЕЦА, СУПАТА Е ГОТОВА! Се сеќавате ли дека порано ручекот не се почнуваше без супа?
Докажано е дека пилешката супа помага при настинки и затнат нос, супата од домати е народен лек за мамурлак, а од неодамна на консумирањето на супа му се припишуваат и некои нови прехранбени адути. Го памтите ли времето кога ручекот не се почнуваше без чинија топла супа?
Подготовката на супа може да се класифицира како една од најстарите кулинарски вештини на човекот, која датира од периодот кога човекот го запознал котлето. Низ целиот свет, во различни цивилизации и култури, супата отсекогаш била високо ценета поради своите закрепнувачки „моќи“. Денес, покрај добро вкоренетото традиционално верување, постојат и научни потврди за здравствените придобивки од консумирањето супа.
Сигурно се сеќавате дека порано, кога семејствата седнуваа на ручек во 3, на масата задолжително се чадеше длабока чинија полна со супа. Чинија топла супа беше задолжително предјадење, а ако се случеше некој од нас потоа да каже дека не е веќе гладен, родителите обично велеа: „нема врска, важно ја изеде супата“!
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.