ДЕЦА НА ПОВОДНИК? Мајка на 12 деца ја обвинуваат дека ги третира како кучиња

Како педијатар, не ми е мило да гледам деца на каишки како домашни миленици. Како татко на три деца, свесен сум колку децата можат да бидат брзи, импулсивни и непредвидливи. Она што ме загрижува е дали детето ќе се заплетка во поводникот или ќе се задуши во случај на пад, вели педијатарот Бенџамин Хофман. Некои негови колеги пак мислат поинаку

130

Со само 33 години, Бритни Чрч може да се пофали со големо семејство. Таа родила 12 деца и за да не ги изгуби во толпата користи поводник. Токму поради тоа таа се најде на удар на корисниците на Тик-Ток кои ја обвинуваат дека ги третира децата како кучиња.

„Многу ми е поважно моите деца да бидат безбедни и да не се разбегаат во три различни насоки кога ќе излеземе, отколку да се грижам што мисли некоја мајка за мене“, вели Бритни во видеото што го објави на Тик-Ток, а во кое одговора откако е прозвана од една нејзина следбеничка на социјалните мрежи.






Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини