ДАНСКА ПОБЕДИ НА СВЕТСКИ НАТПРЕВАР ЗА ГОТВАЧИ Детско жири додели и посебна награда за најдобро мени за деца
Бокус д’Ор е светски натпревар за готвачи кои сакаат да ги кршат правилата и се одржува во Лион, Франција уште од 1987 година. Годинава е доделена и специјална награда од страна на детско жири, за најдобро детско мени, а за победник е прогласен францускиот тим, иако Данска е прогласена за победник на натпреварот.
Во Лион, Франција беа прогласени најдобрите тимови за готвење во светот. Победи селекцијата на Данска, а по неа следуваат Шведска и Унгарија.
Данска ја освои Bocuse d‘Or 2023, благодарение на импресивното мени со рибата грдобина како главна намирница. Ова издание на Bocuse d’Or стави голем акцент на идејата за социјален ангажман. Посебно интересен е настанот наречен „Нахрани ги децата“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.