ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ ГО ОТКРИВА СВОЈОТ НОВ НАЧИН НА ЖИВОТ Еве ги нејзините правила за беспрекорно здравје
Кога ќе се разбудам, прво велам: „Боже, ти благодарам за овој ден и за уште една надарена прилика“. После тоа, ги мијам забите и веднаш правам вежби за дишење по методот Вим Хоф, кои траат околу десет минути и се туширам со ладна вода. После тоа, јас сум подготвена на апсолутно сè, вели Мартиновиќ.
Познатата хрватска пејачка, музичарка и писателка Данијела Мартиновиќ отсекогаш изгледала беспрекорно, а за магазинот Глорија открива како ѝ е сега откако во својата пеесетта година го заврши своето животно поглавје со Петар Грашо. Данијела вели дека има нови навики: утрото го започнува со вежби за дишење, се тушира со ладна вода, тренира трипати неделни и не јаде веќе месо.
Еве ги нејзините совети за тоа како да ги преобразите вашето здравје и живот.
Негувајте ја кожата
– Одамна, кога имав потешкотии со тенот, мојата козметичарка од Сплит ми рече дека никогаш не треба да ги игнорирам малите правила, како на пример, да ја симнам шминката, која се нанесува навечер…а која наутро. Го сфатив ова како библиско Свето писмо и никогаш не го пропуштив. Ми кажа и како моето лице со текот на годините ќе ми возврати за негата која му ја посветувам. Морам да кажам дека беше во право. Кога ќе се разбудам, прво велам: „Боже, ти благодарам за овој ден и за уште една надарена прилика“. После тоа, ги мијам забите и веднаш правам вежби за дишење по методот Вим Хоф, кои траат околу десет минути и се туширам со ладна вода. После тоа, јас сум подготвена на апсолутно сè – вели Мартиновиќ.
Пробајте да намалите со месото
– Мојата исхрана се промени доста радикално пред околу една година. Инаку јас сум крвна група нула позитив и често ме советуваа да јадам месо за таа крвна група, дека (дома) сме месојади. Бидејќи татко ми е месар, тоа ми беше природно и ми одговараше долг период од животот. Но, пред една година, нутриционистите ме советуваа да избегнувам месо. Тие не беа радикални по ова прашање, но како што го исфрлив (месото) од менито, природното месо целосно исчезна бидејќи така почнав да се чувствувам подобро. Полна сум со енергија, немам проблеми со стомакот, не сум уморна после оброк. Периодов исклучително сум среќна што речиси случајно го извадив месото (од исхраната) и почувствував нова димензија – раскажува Данијела.
Вежбајте секојдневно
– Не можам да го замислам животот без вежбање. Моето тело мора секогаш да биде во движење. Навистина сум чувствителна и морам многу брзо да го менувам типот на тренинг, не можам да се ограничам на еден тип бидејќи почнува да ме заморува. Почнувам да се досадувам. Го следам моето тело и мислам дека нема потреба да правам радикални тренинзи како што знаев во некои периоди од мојот живот. Тренирам по системот „помалку е повеќе“, три пати неделно, вежбам пилатес и тоа трае не повеќе од 45 минути – објаснува Мартиновиќ.
Не им робувајте на модните трендови
– Модниот стил ми е тежок за опишување. Никогаш не сум им робувала на трендовите. Во животот треба да се слушаме (себеси) и да играме малку повеќе, а особено да ја сфатиме модата како игра и да си дозволиме луди и откачени денови. Сакам да се облекувам необично, поинаку, секако дека имам поддршка од луѓето кои со години работат со мене, со кои сѐ заедно договараме, особено за сценските настапи. Станува збор за Габријела Канижај, Арилео, Александра Дојчиновиќ, дуото Sugar free… – вели Мартиновиќ во своето интервју за Глорија.