ДАЛИ ЗНАЕТЕ НЕШТО ЗА ЦРНИТЕ ЈАЈЦА ОД ОВАКУДАНИ? Кулинарски деликатес кој наводно го продолжува животот за 7 години
Во планинскиот регион Хаконе во Јапонија, постои место кое со децении привлекува посетители не само поради својата вулканска активност, туку и поради необичниот гастрономски деликатес, црните јајца, кои, според локалната легенда, можат да го продолжат животот за дури седум години.
Овакудани, што во превод значи „Голема долина што врие“, настанал пред околу 3.000 години по последната ерупција на планината Хаконе.
Денес е позната како една од најактивните геотермални области во Јапонија.
Како настанува црно јајце?
Процесот на готвење на овие јајца всушност вклучува потопување на обичните кокошкини јајца во природни извори. Таму, се јавува хемиска реакција помеѓу водород сулфид и железо, што резултира со формирање на железен сулфид, кој ја дава својата карактеристична црна лушпа на јајцето. Нутритивно, внатрешноста на јајцето останува непроменета – тоа е обично варено јајце, но целото искуство на неговото подготвување и конзумирање го прават посебно.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.