ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА МАРУЛАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСНА? Најризична е зелената салата која се продава како измиена
Салатите во кесички кои се означени како веќе измиени претставуваат особено висок ризик, бидејќи може да доведат во заблуда многу луѓе кои нема да ја измијат салатата пред подготовка и консумирање.
Неодамна објавениот извештај на американското списание „Consumer Reports“ дава загрижувачка листа на 10 најризични намирници, врз основа на анализа на податоци за заразни болести кои се пренесуваат преку храната.
Овие податоци ги собраа Американската агенција за храна и лекови (FDA) и Министерството за земјоделство на Соединетите држави, анализирајќи го петгодишниот период од 2017 до 2022 година. Изненадувачки, на врвот на оваа листа е зелената салата.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.