ДАЛИ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ НАВИСТИНА ВИ ТРЕБА ЦЕЛ БОЖЈИ ДЕН? Замесете, оставете да стаса, пуштете си филм
Не знам кој ја направи таа фама дека е многу комплицирано да се прави леб и дека не може баш секој, ама ние сепак го тврдиме спротивното
Да, да, често сум слушaла како велат дека не е лесно да се замеси леб и дека ако немате цел ден на располагање, ич не треба да се фаќате за правење леб.
Освен оној леб од кисело тесто кој треба да се чека навистина многу долго, иако и тоа не значи дека треба цел ден да му баете, сите други лебови, особено во лето кога е времето топло па да не им треба долго за да нараснат, се прават релативно брзо. А за лесно, не знам нешто е полесно од ова.
Ако не сте жртва на таа фама дека баш мора да имате некои не знам какви способности и 50-годишно искуство за да замесите леб, тогаш треба само да се опуштите и да сфатите дека нема ништо тешко во правењето леб.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.