ДАЛИ ВИ ПРЕЧАТ ДЕЦАТА ШТО БЕСНЕАТ НИЗ КАФУЛЕТО ДОДЕКА ПИЕТЕ КАФЕ? Келнерка се жали на неодговорните родители

Веројатно некогаш ви се случило да седнете во кафуле или во ресторан да се напиете кафе на мир, а потоа вашиот посакуван мир го уништило нечие дете кое вика, трча наоколу и прави белји. Ова е сцена со која келнерите секојдневно се среќаваат. Што мислите за ова?

227

Сигурно барем еднаш ви се случило да седнeте во кафуле или ресторан, а потоа вашиот посакуван мир го уништило нечие дете кое трча наоколу, вика и прави белји. Ова е сцена со која келнерите секојдневно се среќаваат, а своето искуство го споделила на Reddit една келнерка од Хрватска.

„Работам како келнерка во малку посериозно кафуле. Не дека морам да носам вратоврска, но сепак има малку поголем професионализам што се очекува и од персоналот и од гостите. Претходно работев во кафеана која е на другата страна од спектарот, но овој пристап повеќе ми одговара. Најмногу ме нервираат родителите кои доаѓаат на кафе со пријателите и децата, а потоа се однесуваат како да дошле на игралиште. Децата трчаат околу шанкот, врескаат, се качуваат по шанкот, зад шанкот, под шанкот… И не можете ништо да им кажете, бидејќи во спротивно ќе бидат страшно навредени“, напишала таа и ја споделила ситуацијата на која била сведок тој ден.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини