ДАЛИ ВАШИТЕ БАНАНИ ЧЕСТО СТАНУВААТ КАФЕАВИ ПРЕД ДА УСПЕЕТЕ ДА ГИ ИЗЕДЕТЕ? Овие трикови ќе им го продолжат рокот на траење

Ако ниту еден од триковите не функционира, ние ви подготвивме уште еден одличне рецепт за леб од банана со кој не можете да згрешите

399

Колку и да го сакаме лебот од банана и паметното искористување на презрелите банани, понекогаш само сакаме да изедеме совршено зрела банана, без никаква обработка, за ужина или како додаток во житарки за појадок, па се разочаруваме кога ќе видиме дека плодовите во корпата за овошје наеднаш потемнеле и станале непривлечно кафеави. За среќа, сè уште постојат начини кои потенцијално можат да го забават потемнувањето на бананите.

Најчесто кога купувате банани ги ставате во пластична кеса за да ги измерите, но штом ќе стигнете дома извадете ги од кесата – затоа што тоа го забрзува нивното созревање. Исто така, ставањето повеќе видови овошје во една чинија може да влијае на тоа колку брзо созреваат бананите.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини