ДАЛИ ВАШИОТ ТИНЕЈЏЕР ПИЕ САМ ИЛИ САМО ВО ДРУШТВО? Научниците открија знак кој укажува на ризик детето да стане алкохоличар
Според клиниката Мајо, факторите на ризик за развој на алкохолизам вклучуваат пиење на рана возраст, семејна историја на алкохолизам, траума и редовно пиење во подолг временски период.
Научниците пронајдоа знак кој сугерира дека младите би можеле да пораснат во алкохоличари. Истражувачите од Универзитетот Карнеги Мелон ги испитувале тинејџерите за нивните навики за пиење и потоа ги следеле во следните 17 години. Тие откриле дека оние кои пијат сами на возраст меѓу 18 и 20 години имаат поголема веројатност да развијат алкохолизам во нивните 30-ти. Според списанието Drug and Alcohol Dependence, ризикот е особено висок за жените.
„Повеќето млади луѓе кои пијат го прават тоа социјално, но има мал дел кои пијат сами. Осаменото опивање е единствен и силен фактор на ризик за идното нарушување на употребата на алкохол“, вели водечкиот автор на студијата Кејси Кресвел, вонреден професор по психологија на гореспоменатиот универзитет.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.