ДАЛИ СУМ ПОДГОТВЕНА ДА СТАНАМ МАЈКА? Што треба да знаете пред да забремените

Бременоста и родителството го вртат животот наопаку, носејќи со себе и бескрајна среќа, но и огромна одговорност. Затоа, жената прво треба да си одговори на овие шест основни прашања.

113

Дали сум подготвена да бидам мајка? Ова прашање сигурно ѝ паднало на ум на секоја жена која сака да има деца.

Се разбира, чувството на несигурност е сосем нормално – бременоста и родителството го вртат животот наопаку, носејќи со себе и бескрајна среќа, но и огромна одговорност. Затоа, жената прво ќе треба да си одговори на овие шест основни прашања кои ќе Ви помогнат, пред сѐ – да го скротите емотивното торнадо во Вас, а и ќе Ве подготват за возбудливата животна авантура што Ве чека…






Дали сум подготвена да се откажам од работите што ме прават среќна заради моето дете?

Анализирајте го Вашиот секојдневен живот и замислете како би изгледало кога во него би имало дете. Дали има некоја лоша навика што треба да ја прекинете? Дали размислувате да барате нова, поисполнета работа наскоро? Кои социјални и здравствени придобивки Ви ги нуди сегашната работа?

Што сакам да ми се случи и каде детето фигурира во овој план?

Секој има свои цели, соништа, копнежи. Замислете како би изгледал вашиот пат до успехот доколку треба да го одите со бебе до себе.

Дали сум финансиски подготвена да издржувам дете?

Да се ​​има и да се одгледува дете секако не е евтин потфат. Дури и најпрактичните луѓе понекогаш наидуваат на неочекувани финансиски тешкотии. Истражете ја приближната сума месечно потребна за воспитување дете и видете дали тоа, отприлика, ќе се вклопи во вашиот буџет.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“ 

Поврзани содржини