ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА СИНДРОМОТ НА ПРЖЕН ОРИЗ? Како да го избегнете труењето со бактерија карактеристична за скробната храна?

Дали некогаш сте доживеале мачнини, стомачни грчеви или повраќање кратко по јадењето подгреан ориз што ви останал од ручек?

115

Ако некогаш ви се случило само еден до шест часа по консумирањето подгреан ориз што ви останал од ручекот, да доживеете мачнини, стомачни грчеви или повраќање, веројатно сте го доживеале таканаречениот „синдром на пржен ориз“, вид на труење со храна предизвикан од бактеријата Bacillus cereus.

Синдромот на пржен ориз е популарен термин што се користи за да се опише акутно труење со храна предизвикано од растот на бактеријата Bacillus cereus во скробна храна (особено ориз) оставена на собна температура подолго време.






Ова бактериско труење го добива своето име од вообичаената навика, особено кај Италијанците и Шпанците, оризот претходно да се свари, да се остави надвор од фрижидер, а потоа само малку да се погрее во тава со сос или зачини по ваш избор. Но, овој практичен начин за подготовка на оброци може да се претвори во опасност по здравјето.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини